Вечерва во 20:15 часот репрезентацијата на Македонија го игра првиот натпревар од баражот за Светското првенство против репрезентацијата на Чешка.
На помалку од два часа до натпреварот репрезентативците пристигна во салата „Датарт“ каде што ќе се игра натпреварот.
Во Злин македонските ракометари со поддршка од „фалангата“ која ќе ги бодри и на ова гостување ќе се обидат да дојдат до што подобар резултат за реваншот кој е на програмата в недела во 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.