Како што пред неколку дена најави 24Ракомет, словенечкиот пикер Блаж Благотиншек ќе си замине од Веспрем по истекот на договорот.
Благотиншек во летото 2023 година ќе се пресели во бундеслигашот Фленсбург, каде што треба да биде замена за Симон Халд, кој пак се враќа во Алборг.
Словенецот дојде во Веспрем во 2016 година од Целје и ќе комплетира седум сезони во унгарскиот гигант, каде беше еден од клучните играчи во одбрана.
Со Веспрем освои две титули во првенството, три во Купот на Унгарија, како и два трофеи во регионалната СЕХА лига.
Аугустин Касадо на пат кон Веспрем, заминуваат Нилсон и Благотиншек?