Претседателот на Келце, Бертус Сервас минатиот петок објави дека клубот 99.9% договорил уште едно засилување за наредната сезона.
Според информациите на „Handball-Planet“ ракометарот кој ќе го засили Келце е холандскиот плејмејкер од редовите на ПСЖ, Лук Стеинс.
I am very happy to tell you that for 99 % sure we will sign the new player which I was telling about the last couple of weeks. I think that with this player we will complete the basis for a fantastic team for the future of our club. Great day for Łomża Vive Kielce.
— Bertus Servaas (@BertServaas) April 9, 2022
27-годишниот ракометар откако пристигна во ПСЖ во сезоната 2020/2021 имаше големо влијание во играта на францускиот како замена за повредениот Никола Карабатиќ.
После шест години поминати во Франција каде што настапуваше за екипите на Трембле, Тулуз и Маси Стеинс би можел да се пресели во тимот на Талант Душебаев.