Средниот бек на Веспрем и на данската репрезентација, Расмус Лауге Шмит, следното лето ќе се врати во татковината.
Лауге ќе се пресели во Бјерингбро Силкеборг во летото 2023 година, една година пред истекот на актуелниот договор со унгарскиот гигант, а трансферот беше официјализиран денеска.
Плејмејкерот потпиша договор на пет сезони, до 2028 година и веројатно планира крај на кариерата да биде во матичниот клуб.
Новиот дрим-тим Алборг со богата понуда се обидел во последен момент да го „украде“ Лауге, но тој го избрал Силкеборг, тимот во кој ја започна професионалната кариера.
Таму Лауге играше од 2009 до 2013 година, пред да се пресели во Бундес лигата, каде со успех ги носеше дресовите на Кил и Фленсбург шест сезони. Во 2019 година замина во Веспрем, каде што игра и денеска.