Екипата на Голден Арт имаше лесен натправар на гостувањето во Гостивар кај екипата на Јехона и во 3. коло од плеј-офот во Првата лига оствари убедлива победа со 22:39.
Уште од самиот почеток фаворитот на натпреварот имаше целосна контрола, Голден Арт поведе 1:3, а потоа со 3:13 и уште во раната фаза го реши победникот. После 30 минути игра гостите имаа огромна преднсот од 7:21.
Второто полвуреме беше формалност, ракометарите на Јехона беа немоќни, а Голден Арт прдолжи да го полни нивниот гол. До крај на дуелот гостинскиот тим стигна до победа од огромни 17 гола разлика.
Најефикасен во тимот на Јехона беше Стефан Бошковски кој постигна десет гола. За екипата на Голден Арт најефикасни со по пет гола беа Христијан Милошески и Петар Стојановски.