Германски Вецлар на македонскиот ракометар Филип Миркуловски го потврди раскинување на договорот со Томислав Кушан.
27-годишниот ракометар до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Ал-Араби каде што настапува и македонскиот ракометар Стефан Атанасовски.
„Томислав дојде со предлог да се пресели во Катар. Ние не правевме проблем и ја прифатиме неговата одлука затоа што во тимот сакаме да имаме ракометари кои се 100% посветени на клубот, нашите вредности и цели“, изјави извршниот директор на Вецлар со Бјорн Заип.
Договорот на Кушан со Вецлар беше до летото 2023 година. Ќе потсетиме уште во декември Кушан одлучи да си замине од Вецлар и потпиша договор со Лимож каде што ќе настапува следната сезона.