Ракометарките на Стружанка имаа успешно гостување во Прилеп кај екипата на Деспина и ја забележаа втората победа во плеј-офот од Женската лига со 20:27 во 8. коло.
Иако Деспина го имаше почетното водство во продолжение не успеа да го одржи. Стружанка со серија од три гола ја презема контролата на резултатот и на полувреме имаше предност од 10:13.
Почетокот на второ полувреме ги реши дилемите околу победникот, Стружанка ја продолжи серијата од финишот на првиот дел и стигна до осум гола позитива. До крајот Деспина немаше сили да се врати во мечот и забележа нов пораз.
Во домашниот тим најрасположена беше Елена Рипилоска со 12 погодоци но и тоа не беше доволно нејзиниот тим да избегне пораз. Најефикасна во составот на Стружанка беше Магдалена Делиоска со девет гола, а шест постигна Ивана Затуроска.