Феникс со девет играчи против Шампион попушти во завршницата

Во рамки од плеј-аутот во Женската лига денес четвртопласираниот Шампион забележа победа против Феникс кој на табелата е едно место подоле. Шампион на гости славеше со 24:25.

Натпреварот беше отворен со гол за Феникс преку Сара Илевска по една пресечена топка во првата минута, но Шампион брзо возврати и со головите на Михаела Кралева и Мила Филипова премина во водство. Во наредните минути гледавме изедначена игра се до серијата од 4:0 на гостите со која поведоа 4:7.

Предноста на Шампион достигна и до „плус 5“ во 16. минута, а тогаш следуваше период од четири миути без гол на двете страни. Таквиот период го прекина Сандра Коралевска од Феникс со гол од седмерец. На пауза гостите заминаа со предност од четири гола разлика 10:14.

Почетните минути во второто полувреме им припаднаа на домаќините кои се вратија во натпреварот и за првпат после 4:4 на почетокот го изедначија резултатот (16:16). Наредните минути ни донесоа изедначена и игра „гол за гол“.

Со изедначен резултат (19:19) се влезе и во последните десет минути од натпреварот. Неизвесноста беше присутна се до последните минути кога се решаваше и прашањето на победникот. Одлучувачки беше голот на Сара Трајков со кој Шампион дојде до предност од два разлика (23:25) во 59. минута.

Најефикасни во редовите на Шампион беа Сара Илиевска со осум гола и Ана Марија Талева со седум, на спротивната страна Сара Трајков постигна 6, а по пет погодоци за запишаа Симона Димитриевска и Мила Филипова.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ШАМПИОН1071222
2ГЕВГЕЛИЈА1050515
3СПАРТАК92167