Осум екипи од осум различни држави, Лазаров и Нант ќе го предизвикаат Магдебург

Oткако се одиграа осминафиналните двобои во Лигата на Европа, познати се сите двојки за четвртфиналето, каде Македонија ќе има еден претставник.

Тоа е селекторот Кире Лазаров, кој со францускиот Нант ќе се соочи со бранителот на титулата Магдебург.

Ова е првпат откако е формиран ЕХФ Купот (сегашна Лига на Европа) во сезоната 1999/00, осум клуба од осум различни земји да бидат меѓу четвртфиналистите.

По 22 сезони меѓу најдобрите осум се клубови од Данска, Португалија, Франција, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Германија и Полска. Четвртфиналните средби ќе бидат на програмата на 26 април и 3 мај.

Лига на Европа, четвртфинале:

Кадетен Шафхаузен – Висла Плоцк
Нексе Нашице – ГОГ Гудме
Нант – Магдебург
Бенфика – Горење Велење