Некогашниот чувар на мрежата на Вардар, Ињаки Малумбрес, и по завршувањето на играчката кариера, тој остана во ракометот. Малумбрес, кој во Скопје мина една сезона, сега има 46 години и е тренер на шпанскиот третолигаш Ланцароте.
Харизматичниот Шпанец, кој ги освои симпатиите на вардаровите навивачи во сезоната 2013/14, oд Македонија си замина со еден трофеј во Купот и со титула во СЕХА лига.
Малумбрес потекнува од тимот на Онак, бранеше за Галдар, четири години во Ваљадолид, две во Портланд Сан Антонио, па пет за Арате, три за Арагон, и една во Адемар Леон, од каде се пресели во Вардар. Македонскиот шампион му беше единствено интернационално искуство, а во Скопје најмногу ќе остане запаметен по одличната партија против Барселона во Лигата на шампионите, кога Вардар успеа да одигра реми, 29-29.
По заминувањето од „црвено-црниот“ тим потпиша за Ваљадолид, каде требаше да биде тренер на голманите и да брани, но договорот не се реализираше.
Освен на ракометно поле, Малумбрес е активен и на You Tube сцената. Тој има подкаст што се вика „Зборуваме за ракомет“, а еден од гостите му беше и екс тренерот на Вардар и селектор на Македонија, Раул Гонзалес.
Потсетете се на дел од одбраните на Малумбрес за Вардар
Погледнете го подкастот каде гостин на Малумбрес му е Раул Гонзалес