Мешков Брест објави дека го раскинува договорот со рускиот ракометар Дмитриј Санталов.
Како што се наведува во краткото соопштение причина за раскинување на договорот е прекршување на спортскиот режим од страна на ракометарот.
Санталов во редовите на Мешков Брест пристигна пред почетокот на сезоната 2020/2021 и за овој клуб одигра 72 натпревари во кои постигна 178 голови. Ќе потсетиме, Санталов беше блиску до Вардар, трансферот практично беше договорен, но на крајот тој пропадна па Русинот кариерата ја продолжи во Мешков.
Пред само неколку дена Мешков Брест го потврди договорот со Алексеј Шинкел. Со неговиот ангажман Мешков ќе го има највисокиот ракометар во првенството.