Ракометарите на Вардар загубија на домашен терен од Веспрем со 22-30 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Капитенот на македонскиот првак, Стојанче Стоилов, вели дека Веспрем ја оправдал фаворитската улога.
„Честитки за Веспрем. Тие победија овде каде што за сите е тешко да победат. Што можам да кажам, ние игравме добро смао 15 минути, а потоа нивниот голман почна да не откажува. Бевме збунети во напад, ја загубимве самодовербата. Веспрем е фаворит, тоа го покажаа, ние не можевме да изненадиме овде, имаме уште една шанса таму, ништо не е невозможно. Мислам дека таму можеме да одиграме подобро“, изјави Стоилов.
Следен предизвик за вардарци ќе биде гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2 во Суперлигата, а реваншот со Веспрем ќе биде на 6 април.