Машката сениорска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.
Избраниците на Кире Лазаров ќе се борат против Португалија, Турција и Луксембург на патот кон обезбедување нов настап на големо натпреварување.
Без Кире Лазаров и Филип Миркуловски, како и без уште некои од поискусните ракометари, Македонија ќе се обиде да обезбеди место на континенталниот собир.
Пласман на континенталниот собир ќе обезбедат прво и второпласираните од осумте квалификациски групи, како и најдобрите четири третопласирани селекции.
Квалификациите почнуваат на 12/13 октомври оваа година, а второто коло се игра три дена подоцна, додека останатите четири меча се на програмата во март и април догодина.
Европското првенство во 2024 година, ќе се игра во Германија од 10 до 28 јануари во седум града.