Машката репрезентација на Македонија денеска ќе се најде во ждрепката за квалификациите за следниот голем настан – ЕП 2024 година. Нашата селекција се најде во втор шешир, а ЕХФ ги исклучи од квалификациите Русија и Белорусија, па имаше поместувања во шеширите и две нови селекции – Грузија и Луксембург.
Гледајќи ги можните ривали, Македонија не би требало да има проблеми да се пласира на нов континентален собир. Ќе добиеме само еден посилен ривал од првиот шешир, а во третиот шешир има незгодни селекции од кои не треба да се плашиме, но не треба ниту да ги потценуваме.
Македонија во овие квалификации за првпат ќе биде без Кирил Лазаров и Филип Миркуловски, па ќе видиме како ќе се снаоѓа „новата“ Македонија без најискусните на терен. Ждрепката е денеска од 18:00 часот, а квалификациите ќе почнат во октомври годинава.
На ЕП 2024 веќе се пласирани домаќините Германија, како и медалистите од ЕП 2022 – Шведска, Шпанија и Данска, па од 24 остануваат слободни уште 20 места. Пласман ќе обезбедат сите осум пласирани први и втори во осумте квалификациски групи, како и најдобрите четири третопласирани.
шешир 1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија
шешир 2: Македонија, Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија, Украина
шешир 3: Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција
шешир 4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург