Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите и делегатите за реванш натпреварите во рамки од осминафиналето во Лига на Европа.
Македонските судии Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Савехоф и Кадетен Шафхаузен. Данецот, Јорн Мелер Нилсен, ќе биде делегат на овој натпревар.
Средбата меѓу Савехоф и Кадетен ќе се игра на 5 април, со почеток од 18:45 часот. Претставникот од Швајцарија на првата пресметка оствари убедлива победа од 32:26.
Освен Николовски и Металари, активен ќе биде и Ацо Николовски, кој ќе биде делагат на натпреварот меѓу Ним и Горење Велење. Судии на овој натпревар ќе бидат Нигард Никлас и Педерсен Марк од Данска.
Оваа средба ќе се одигра во Ним, на 5 април, со почеток од 20:45 часот. Екипата од Велење на првиот натпревар обезбеди висок триумф над Ним, 29:22.