Лазаров и Нант ги надмудрија „лисиците“, Магдебург со реми се враќа од Лисабон

Екипата на Нант каде што настапува Кире Лазаров забележа минимална победа на домашен терен во осминафиналето од Лигата на Европа против екипата на Фуксе Берлин и славеше со 25:24.

Натпреварот беше многу неизвесен и покрај тоа што гостите имаа предност на полувремето од 10:12, во продолжението Нант успеа да стигне до победа и да патува на гостувањето со гол позитива. Лазаров беше стрелец на еден погодок на овој дуел.

И на останатите натпревари беше многу неивесно, после голема борба екипите на Спортинг и Магдебург одиграа нерешено 29:29 иако на полувреме домашниот тим водеше 16:13.

На останатите два натпревари победи остварија ГОГ, кој славеше на гостувањето кај Бидасоа Ирун со 28:30 и Тулуз кој триумфираше со 38:34 и со солидна предност ќе патува на реваншот во Португалија.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ

БИДАСОА ИРУН – ГОГ 28:30 (12:13)

НАНТ – ФУКСЕ БЕРЛИН 25:24 (10:12)

СПОРТИНГ – МАГДЕБУРГ 29:29 (16:13)

ТУЛУЗ – БЕНФИКА 38:34 (17:20)