Општинското дерби за Јуниор КВ за приклучок кон горниот дел на табелата во прволигашниот плеј-оф

За двете екипи ова беше домашен меч, бидејќи и двата тима во салата во ОУ „Круме Кепески“ ги играт своите натпревари, а „гостите“, екипата на Јуниор КВ го победи Драчево со 35-28. Општинското дерби во плеј-оф групата во Првата машка лига заврши со 16 пенали и покажани 15 исклучувања. Сега и двете екипи имаат по 15 бода, а повеќе може да жали Драчево бидејќи со триумф ќе беше на делба на второто место.

Домаќините тргнаа самоуверено во воведниот дел во натпреварот и секоја грешка на противникот во првите десет минути ја казнуваа со погодок. Драчево започна да воспоставува резултатска контрола во првите минути, поведе со 5:3, а потоа имаше и највисоки три гола предност, 8:5. „Гостите“ од Кисела Вода со серија од 3:0 дојдоа до изедначување на резултатот, 8:8.

Ракометарите на тренерот Велимир Велимир Настески со два гола во низа се одлепија на 10:8, но во следниот период не успеаја да го сочуваат водството на свое конто бидејќи гостинскиот состав на Јуниор КВ преку Николов и Печенковски направи пресврт во 18. минута кога за првпат на натпреварот поведе со 12:11. Јуниор КВ во завршниот дел од првото полувреме покажа одлична игра на терен, успеа да постигне уште шест погодоци и на пауза замина со предност од три гола разлика, 18:15.

Во ист ритам продолжија гостинските ракометари во второто полувреме. Драчевци се обидуваа да се вратат во игра и да го направат натпреварот понеизвесен, но екипата на Јуниор КВ не дозволуваше никаков простор за изненадување. Во 40. минута, домаќините веќе имаа солидно водство од 24:19. Драчево започна да ги зголемува грешките во желбата да дојде до помала резултатска негатива и немаше никакви шанси за камбек.

Најефикасен на натпреварот беше ракометарот од редовите на Драчево, Александар Димовски со десет постигнати погодоци. Кај Јуниор КВ се истакнаа Горан Печенковски со девет, Игор Илиевски со седум и Филип Петровски со шест погодоци.