Тимот на Хановер, каде што игра Филип Кузмановски ја прекина серијата порази во Бундес лигата, откако славеше против Штутгарт на Жарко Пешевски со 33-23.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше токму Кузмановски со девет погодоци од 12 обиди.
Во македонскиот двобој во Германија, на спротивната страна играше Пешевски, a тој постигна еден погодок од два обиди против Хановер.
Кузмановски ја продолжува одличната форма од националниот тим и на клупско ниво во дресот на бундеслигашот.
Хановер со новите бодови сега има 16 на 14 место, додека Штутгарт останува на едно место подолу со 12 бодови.