Maкедонската голманка Матеја Серафимова имаше одлична партија на голот на Егенбург во австрискиот шампионат.
Егенбург забележа важен триумф во борбата за опстанок над Корнебург со 24-22, а една од клучните ракометарки беше токму Серафимова.
Македонската интернационалка успеа да собере 11 интервенции, а запре дури четири пенали или 44% на успешност на одбранети удари.
И покрај триумфот Егенбург останува на последното, 12 место на табелата со осум бода, но сепак со зголемени шанси за опстанок, бидејќи разликата со осмопласираната екипа Фуксе е само четири бода.