Машката репрезентација на Македонија денеска ќе се соочи со Романија во првиот натпревар од првиот бараж за Мундијалот следната година.
Селекторот на нашиот ривал, Чави Пасквал, вели дека Романија има големи проблеми со ростерот, особено на десната бековска позиција, каде што покрај Хумет и Григорас, остана и без Гита.
„Ќе биде многу комплицирано во Скопје бидејќи имаме многу повредени играчи – Шимицу, Бузле, Шоке, Гита, Григорас, Нистор и Талмајер. Имаме големи проблеми на десната бековска и крилна позиција, но ќе најдеме решенија. Не сакам да повикувам нови ракометари во последен момент, бидејќи може да биде лошо да играат ракометари што не биле дел од тренинзите и подготовките“, изјави Пасквал за „Handball Mania“.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Романија се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот, додека реваншот е на 19 март в сабота.