Викендот кој е зад нас во Франција ни го донесе дербито помеѓу ПСЖ и Нант кое на крајот заврши со победа на „светците“ со 34:28.
Македонскиот селектор Кирил Лазаров беше дел ова дерби во кое постигна и три гола, два беа од седум метри.
На трибините во салата во Париз присуствуваше и ѕвездата на фудбалскиот тим на ПСЖ, Килијан Мбапе кој на крајот се радуваше на победата на ракометарите на неговиот тим.
Лазаров по овој натпревар веднаш се упати на собирот на репрезентацијата со која утрово го одработи и првиот тренинг.
Une 20ème victoire parisienne en championnat obtenue sous les yeux de @KMbappe ! @PSG_inside #PSGNAN pic.twitter.com/oqxqU8OldA
— PSG Handball (@psghand) March 13, 2022