Горење остана во игра за осминафинале во ЛЕ, ќе чека услуга од Прованс

Екипата на Горење во драматичен натпревар стигна до победа над Савехоф од 28:27 и ги задржа шансите за пласман во осминафиналето од Лига на Европа. За остварување на посакуваната цел на словенечкиот тим, Ла Риоха ќе треба да изгуби во вечерашниот натпревар од Екс Ан Прованс или да одигра само реми.

Горење со остварената победа стигна до девет бодови во Групата Ц и го презеде четвртото место, додека Ла Риоха има седум бодови и го игра најважниот натпревар против Екс Ан Прованс во Франција.

Ракометарите на Лемго во својот последен натпревар од групната фаза од Лига на Европа беа подобри од данскиот претставник во ова натпреварување, ГОГ, со резултат 39:35. Сепак, и со освоената победа, избраниците на Флориан Керман остануваат на 4. позиција во Групата Б, со биланс од пет победи, две нерешени средби и три порази.

Екипата на ГОГ моментално останува на првото место во својата група со 15 бодови, има два бода повеќе од второпласираната екипа, Нант, но ракометарите на Нант имаат  натпревар помалку. Освен ГОГ, Нант и Лемго, од Групата Б место во најдобрите 16 екипи во Лига на Европа обезбеди и Бенфика.

Македонскиот претставник во Лига на Европа, Еурофарм Пелистер, со победата над АЕК Атина од 30:19 го завери второто место во Групата Д. Тоа значи дека „фармацевтите“ во осминафиналето ќе играат против третопласираниот од Групата Ц, Нексе од Нашице.

Во останатите натпревари, победа оствари екипата на Татран Прешов, која беше подобра од Винтертур со четири гола разлика, 31:27, додека натпреварот меѓу екипите на Тулуз и Бидасоа Ирун заврши без победник, 26:26.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 10. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ВИНТЕРТУР – ТАТРАН ПРЕШОВ 27:31 (12:14)

ТУЛУЗ – БИДАСОА ИРУН 26:26 (13:12)

ФУКСЕ БЕРЛИН – ВИСЛА ПЛОЦК 20:45Ч

ГРУПА Б

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – КОКС откажан

ЛЕМГО – ГОГ 39:35 (19:17)

БЕНФИКА – НАНТ 20:45Ч

ГРУПА Ц

САВЕХОФ – ГОРЕЊЕ 27:28 (14:11)

НЕКСЕ – МАГДЕБУРГ 20:45Ч

ЕКС АН ПРОВАНС – ЛА РИОХА 20:45Ч

ГРУПА Д

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР- – АЕК 30:19 (10:8)

КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – ТАТАБАЊА 20:45Ч

СПОРТИНГ – НИМ 20:45Ч