Потег на ЕХФ го следи и ИХФ, руските и белоруските тимови заработија суспензија и од Меѓународната ракометна федерација.
Ваквата одлука на ИХФ значи дека Русија нема да може да учествува на Светските првенство во 2022 година во женска конкуренција за ракометарки до 20 и 18 години, како и на Светското првенство во ракомет на плажа во 2022 година на кое веќе се квалификуваа.
„По итна постапка на неодредено време ИХФ им забранува на сите тимови, официјални лица и судии да учествуваат во настани во организација на ИХФ“, стои помеѓу другото во соопштението во кое ИХФ повика и на пронаоѓање на решение помеѓу двете страни.
Одлуката стапува веднаш на сила и ќе биде активна се до давањето на нови насоки од Меѓународната ракометна федерација.