Загреб вчера во драматичен натпревар беше поразен од Кил со гол во последната секунда, натпреварот го реши десниот бек Харал Рајнкид.
Денес по овој пораз на Загреб медиумите во Хрватска имаа забелешка на судењето, а посебно истакнуваат еден момент во второто полувреме. При голот на Винчек за 21:22 (14.43 во второто полувреме) играчот на Кил остана да лежи во просторот на Загреб. Загреб тргна во напад, а Кил во одбрана со Винчек кој лежеше имаше и голман и шест играчи.
Во продолжение се додаваат уште неколку моменти од натпреварите против Елверум, Монпелје како и Вардар во Скопје. За забелешките на судењето во Скопје пред неколку дена зборуваше тренерот на Загреб Ивица Обрван.
Хрватите во текстот и прашуваат зошто ЕХФ дозволува да се случуваат судиски грешки и зошто нема ВАР во Лигата на шампионите.