Обрван за тензијата во Скопје – не сакав да зборувам тогаш, ама судиите…

Хрватските медиуми со денови пишуваат за последните минути од натпреварот Загреб – Вардар. Во Скопје Вардар во борбен натпревар го совлада хрватскиот претставник, а Хрватите се жалат на судењето.

Неколку дена по натпреварот стратегот на Загреб, Ивица Обрван гостуваше во студиото на „Ханза Медија“ каде што помеѓу другото зборуваше и за овој натпревар. Во Скопје Обврван не беше така енергичен како некои негови играчи, а посебно во реакцијата се издвојуваше Чупиќ.

„Во Скопје не кажав ништо, па не сакам ниту денес. Не сакам да зборувам за судењето, но како човек кој цел живот се занимава со ракомет, морам да кажам дека во таква ситуација според правилата се досудува седмерец затоа што беше прекршок со намера да се запре играчот во последните 30 секунди. Никој ништо немаше да им замери на суиите ако го досудеа…Ние секако тој седмерец ќе моравме и да го реализираме, но така имаше големи шанси мечот да заврши нерешено“, изјави Обрван.

Ќе потсетиме Вардар со победата се искачи 5. позиција во Групата А од Лигата на шампионите и значително си ги зголеми шансите за следната фаза, додека Загреб остана во потешка позиција.