ДРАМА во Грција: АЕК слави, Спортинг промаши пенал во последните секунди!

Грчкиот шампион, АЕК Атина, остана во игра за осминафинале во Лига на Европа откако на свој терен успеа да триумфира против незгодниот состав на Спортинг со 25:24, во натпревар од 9. коло во Групата Д.

Во текот на првото полувреме двете екипи имаа свои моменти, падови и подеми. Ракометарите на Рикардо Коста одлично го започнаа натпреварот, стартуваа со водство од 3:0, потоа имаа 4:1, но на крајот од првата половина од првото полувреме дојде до пад во играта на гостите од Португалија.

Иако, и двете екипи немаа голема поддршка од голманите во првите десет минути, сепак, АЕК во 15. минута го презеде водството, поведе со 7:6 откако претходно резултатот беше 6:6. Од тој момент, па сѐ до крајот на првото полувреме, домаќините константно беа во водство, кое во последните пет минути беше драстично зголемено, па така ракометарите на АЕК на пауза заминаа со активен резултат од плус четири, 15:11.

Спортинг во второто полувреме со серија од 4:0 дојде до израмнување на резултатот, 15:15. АЕК првиот погодок во второто полувреме го постигна во 35. минута преку Угалде за водство од 16:15. Ракометарите на Спортинг никако не се откажуваа, повторно го израмнија резултатот, 16:16, и нивната фантастична игра беше крунисана со целосен пресврт и водство од 18:16.

Предноста од два гола на Спортинг не беше доволна за сигурна победа бидејќи домаќините во 40. минута го израмнија резултатот на 18:18. До самиот крај немаше поголема промена на резултатот. Само нијанси одлучуваа кој ќе победи во големата борба. На минута пред самиот крај резултатот беше 24:24.

АЕК во последниот напад успеа да дојде до реализација за 25:24, додека во последните десет секунди, Спортинг се избори за пенал. Антонио Суарез Дијаз само ја погоди пречката на голот на противникот, а тоа значеше голема радост за ракометарите на АЕК.

Грчкиот тим со оваа победа, не само што остана во игра за осминафинале, туку им направи услуга и на пелистерци, кои останаа на второто место.

Екипата на Кокс, во која настапува младиот голман од Македонија, Јоаким Анѓеловски, го освои првиот бод во оваа сезона, одигра реми против Лемго, 29:29. На овој натпревар, Анѓеловски не доби шанса меѓу стативите.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 9. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ТУЛУЗ – ВИНТЕРТУР 34:27 (14:16)
БИДАСОА ИРУН – ФУКСЕ БЕРЛИН 20:45Ч
ВИСЛА ПЛОЦК – ТАТРАН ПРЕШОВ 20:45Ч

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ГЕПИНГЕН1080216
2КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН1070314
3БЕНФИКА104068
4ТАТРАН102084
5ФЕЈЕР102084

ГРУПА Б

ГОГ – БЕНФИКА 39:38 (20:18)
КОКС – ЛЕМГО 29:29 (12:15)
НАНТ – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ откажан

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФЛЕНСБУРГ1081117
2ИСТАД951311
3ВАЛУР94149
4ФТЦ103349
5ПАУК104068
6БЕНИДОРМ102084

ГРУПА Ц

ГОРЕЊЕ – ЕКС АН ПРОВАНС 33:32 (19:18)
МАГДЕБУРГ – САВЕХОФ 31:25 (17:13)
ЛА РИОХА – НЕКСЕ 20:45Ч

ПозЕкипаНПРЛБ.
1НЕКСЕ1080216
2ГРАНОЛЕРС960312
3СКЕРН1050510
4АЛПЛА101274
5БАЛАТОНФУРЕДИ101183

ГРУПА Д

ТАТАБАЊА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25:21 (11:11)
АЕК АТИНА – СПОРТИНГ 25:24 (15:11)
НИМ – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН 20:45Ч

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АРХУС1070314
2БИДАСОА ИРУН104159
3МОТОР103167
4АГУА САНТАС101274