Репрезентативецот на Босна и Херцеговина и член на Еурофарм Пелистер, Елмир Граџан, од пред неколку дена му кажа збогум на ергенскиот живот.
Босанецот ја побара за сопруга својата девојка, Сибел Фејзоска, која на неговата понуда за брак одговори потврдно.
Фејзоска е битолчанка, па така ракометарот на Еурофарм Пелистер засекогаш ќе биде врзан за Битола и Македонија.
Покрај одличната сезона на клупски план, Граџан ќе ја памети оваа година и по убавата работа во приватниот живот.