Лазаров промаши шут за победа, Горење остана во игра за нокаут фаза

Во вечерниот термин од Лигата на Европа се одиграа неколку интересни и до крај неизвесни натпревари. Екипата каде што настапува Кире Лазаров на гостувањето кај Лемго одигра нерешено 37:37.

После првото полувреме Нант имаше преднсот од 17:20, но во финишот домашниот тим успеа да обезбеди бод. Кире Лазаров не се запиша во листата на стрелците на овој натпревар. Имаше два обиди, ги промаши двата, а последниот шут беше за победа во последната секунда.

Горење одигра добар натпревар на домашен терен и славеше против екипата на Ла Риоха со 32:31. Мечот беше израмнет во текот на сите 60 минути, а во финишот домаќините погодија за голем триумф.

Винтертур беше поразен од Тулуз на свој терен со 27:30 иако после првиот дел домаќинот имаше предност од 17:15. Сепак во продолжението францускиот претставник направи пресврт и освои нови бодови.

Спортинг немаше проблеми да обезбеди нова победа против екипата на Татабања со 34:26. Португалскиот тим имаше целосна контрола на натпреварот, откако на полувреме водеше 15:13 во продолжението со убедлива игра славеше висока победа.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 8. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ТАТРАН ПРЕШОВ – ВИСЛА ПЛОЦК 15:29 (8:12)
ФУКСЕ БЕРЛИН – БИДАСОА ИРУН 35:23 (16:10)
ВИНТЕРТУР – ТУЛУЗ 27:30 (17:15)

ГРУПА Б

КОКС – ГОГ 23:34 (13:22)
ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – БЕНФИКА 27:32 (15:17)
ЛЕМГО – НАНТ 37:37 (17:20)

ГРУПА Ц

ЕКС АН ПРОВАНС – МАГДЕБУРГ 28:39 (13:12)
САВЕХОФ – НЕКСЕ 33:23 (16:12)
ГОРЕЊЕ – ЛА РИОХА 32:31 (16:15)

ГРУПА Д

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН 27:26 (15:12)
АЕК АТИНА – НИМ 34:30 (15:16)
СПОРТИНГ – ТАТАБАЊА 34:26 (17:15)