ИДЕАЛЕН ТИМ НА 21. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.

За разлика од ланската сезона, во оваа сезона има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер.

Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Како регуларниот дел од сезоната се приближува кон крајот, така се разгоруваат и битките за плеј-оф.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.

Ќе можете да гласате до сабота до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа дваесет и првото коло од машката Суперлига?

Давид Савревски - десен бек - Вардар
45.78%
Стефан Додиќ - среден бек - Охрид
22.99%
Василије Печурица - голман - Струга
13.95%
Ненад Костески - десно крило Еурофарм Пелистер
6.09%
Тимур Дибиров - лево крило - Вардар
5.50%
Емилијан Ѓорговски - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
2.95%
Васко Димитровски - пивот - Еурофарм Пелистер 2
2.75%

СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 21. КОЛО

ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР         23:28ИЗВЕШТАЈ

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РАДОВИШ  35:23ИЗВЕШТАЈ

СТРУГА – СКОПЈЕ 2020     35:24ИЗВЕШТАЈ

ПРИЛЕП – ОХРИД   21:30ИЗВЕШТАЈ

ГРК ТИКВЕШ – ВАРДАР    25:30ИЗВЕШТАЈ

МЕТАЛУРГ – БУТЕЛ СКОПЈЕ      0:10 сл.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 21. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

ГОЛМАН: Василије Печурица (Струга) – Новиот голман на стружани имаше одличен ден против Скопје. Со 18 одбрани доминираше на теренот во новата победа.

ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар) – Вардарци немаа проблеми за да дојдат до победата на средбата против Тиквеш. Во оваа победа Дибиров беше најефикасен со седум погодоци.

ЛЕВ БЕК: Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2) – Младиот ракометар на Еурофарм Пелистер 2 имаше добар ден на средбата против Радовиш. Тој беше прв стрелец со шест гола.

СРЕДЕН БЕК: Стефан Додиќ (Охрид) – Во својот последен натпревар во дресот на Охрид постигна осум гола и го предводеше својот тим до победа за пласман во плеј-оф.

ДЕСЕН БЕК: Давид Савревски (Вардар) – Младиот ракометар на Вардар одработи добар натпревар и притоа успеа да реализира четирипати против тимот на Тиквеш.

ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Екипата на Еурофарм Пелистер немаше проблеми за да стигне до победа против Пролет, а Ненад Костески имаше одлична партија на гостувањето постигнувајќи шест гола.

ПИВОТ: Васко Димитровски (Еурофарм Пелистер 2) – Вториот тим на битолчани продолжува со трката за 3. место, а во таа трка беше забележан и триумф против Радовиш при што искусниот пивот постигна четири гола.