Охрид преку Прилеп продолжи сигурно да чекори кон плеј-офот

Екипата на Охрид продолжува сигурно да чекори кон плеј-офот откако во натпревар од 21. коло во Супер лигата на гостински терен славеше сигурна победа против екипата на Прилеп со 30:21.

Избраниците на Раде Стојановиќ започнаа максимално ангажирано и уште од почетокот на дуелот имаа контрола на играта и резултатот. После петнаесетина минути игра беше 10:5 за охриѓани.

Обидите на Прилеп да се вратат резултатски во игра беа неуспешни па до крајот на првото полувреме Охрид ја задржа рано сткнатата предност. Предводени од Додиќ и Николов охриѓани имаа водство од 14:9 на полувреме.

Во второто полувреме Охрид играше рутински и без поголеми проблеми одеше кон триумф во натпреварот. Прилеп беше немоќен да ја надомести негативата и на крајот мораше да се помири со висок пораз.

Најефикасен со шест гола во тимот на Прилеп беше Марко Трајковски, а по четири гола постигнаа Бикоски и Чантурија. Предводник на Охрид до победата беше Стефан Додиќ со осум гола, а Филип Николов беше стрелец на шест погодоци.

19 февруари 2022
21 - 30
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
19 февруари 2022 19:43 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 19.02.2022 60'

Место

Спортска Сала Сонце Прилеп

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРИЛЕП921Пораз
ОХРИД1430Победа

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Лео Дамчевски-10
9Христијан Бикоскилево крило04
10Марко Трајковскипивот06
12Иван Ангелескиголман00
13Филип Адамчески-00
18Давор Шокоскилев бек02
19Антонио Бурчевскипивот00
21Стефан Лозаноски-00
22Мартин Карафилоскипивот00
23Реваз Чантуријадесно крило04
27Марио Гичевцентрален бек13
28Синиша Павловдесен бек00
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек12
77Зураб Цинцадзеголман00
90Даниел Андоновскилев бек00
 Вкупно 321

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило00
6Филип Кривокапиќцентрален бек04
8Наум Костовдесно крило10
10Филип Николовдесен бек16
11Мице Шилеговдесно крило02
12Христијан Коваческиголман00
13Славчо Шулески-01
17Никола Ристески-00
19Иван Тасескипивот03
21Филип Грубор-12
24Мартин Манасковлев бек14
34Мартин Ивановскицентрален бек00
44Стефан Додиќцентрален бек08
90Даниел Ацевголман00
 Вкупно 430

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
НАУМОВСКИ РУСЕ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515