Ракометарот од Македонија, Дарио Петровски заедно со екипата на Гвадалахара одиграа два натпревари за само 17 часа во рамки од Втората шпанска лига, но тоа не претставуваше никаков проблем бидејќи и на двата натпревари остварија позитивен резултат.
Во натпреварот кој беше одигран во саботата против составот на Новас, Гвадалахара забележа убедлива победа со 27:20.
Петровски на овој натпревар беше стрелец на еден гол во противничката мрежа и натпреварот го заврши со пет асистенции. Освен добрата игра во напад, Петровски одигра солидно и во одбрана.
Натпреварот против Новас беше во вечерен термин, додека во следниот натпревар, против Теукро, кој беше одигран следниот ден напладне, Гвадалахара забележа рутинска победа со 32:27.
Битолчанецот против Теукро имаше 100% реализација, три погодоци од исто толку обиди и 4 асистенции кон неговите колеги. Екипата на Гвадалахара веќе обезбеди пласман во плеј-оф фазата, а до крајот од регуларниот дел од првенството треба да одигра уште два натпревари.