Со денешното финиширање на 14. Коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција стана јасно каков ќе биде расплетот во двете групи, а јасни се и четирите двојки за осминафиналето.
ЦСКА Москва на Сара Ристовска доби сериозен ривал во осмминафиналето и ќе треба да игра против тимот на ЧСМ Букурешт така што нема да биде воопшто лесно.
И другите двојки се интересни така што ќе има возбудливи елиминации.
Инаку денеска ремизираа ЧСМ Букурешт и Есбјерг со 29:29, додека Крим Меркатор славеше против Савехоф со 32:18. ЦСКА Москва успеа да дојде до минимални 27:26 против Мец за да се најде пред Одензе на табелата. Со ова Мец пропушти шанса за директен пласман во четврт-финалето.
Денеска Одензе му го нанесе 14-тиот пораз во 14 натпревари на Кастамону со 37:29.
ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ
ФТЦ РАИЛ КАРГО – КРИМ МЕРКАТОР
БРЕСТ – ОДЕНЗЕ
ЧСМ БУКУРЕШТ – ЦСКА МОСКВА
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – МЕЦ
ДИРЕКТЕН ПЛАСМАН ВО ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
ЕСБЈЕРГ
РОСТОВ ДОН
ЃЕР
КРИСТИЈАНСАНД