Ракометарките на Гевгелија стигнаа до победа од 21:17 на дуелот против Овче Поле СУ од 1. коло од плеј-аут лигата во Супер женската лига.
И двете екипи влегоа мирно во средбата и долго се надигруваа. Играа практично гол за гол при што разликата беше еден гол. При 7:7 дојде клучната серија од три гола за на одмор да се замине со 10:7 и да се најави победата.
Второто полувреме не донесе ништо ново во поглед на резултатот. Гевгеличанки знаеја како да ја зачуваат предноста бидејќи постојано беа во водство. Набрзина дојде до 16:10 и овие плус шест беа сосема доволни за постојана контрола. До крајот на средбата можеше мирно да се одигра и да се дојде до трите бода.
На крајот беше 21:17 така што бодовите останаа дома, па гевгеличанки стигнаа до првата победа во плеј-аут лигата.
ГЕВГЕЛИЈА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 21:17 (10:7)
Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Божидар Јованов и Пепи Димков од Велес. Делегат: Тодор Јосмов од Велес.
ГЕВГЕЛИЈА: Горковска, Наумоска, Басова 1, Митревска 4, П. Митрова, Димова 4, Панова, Атанасова 1, Петковска 1, Стојмановска 5, Чрчева, Д. Митрова 5, Ступар
Седмерци: 2/6, Исклучувања: 8 мин.
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Младеновска Кузмановска 1, Стојанова, Стоилова, Павлова, Вучевска 3, Сентовска 2, Манева 2, Конева 3, Велковска 3, Павловска 2, Гигова, Димова 1, Вучевска
Седмерци: 2/4, Исклучувања: 18 мин.