Триото Клар, Ване и Екберг се враќа на терен – Шведска посилна во финалето на ЕП

Шведска ќе биде посилна за тројца ракометари во финалето на Европското првенство против Шпанија што ќе се одигра вечерва.

Во ростерот на селекторот Глен Солберг, се враќаат левото крило Хампус Ване, десното крило Никлас Екберг и средниот бек Феликс Клар.

Со нив тројцата, Солберг ќе има поголема ротација и може да очекува од неговите избраници уште подобра игра во споредба со мечот против Франциа.

Финалето меѓу Шпанија и Шведска се игра вечерва со почеток во 18:00 часот во „МВМ Арена“ во Будимпешта.

Во битката за третото место ќе се сретнат Франција и Данска.