Некогашниот ракометар на Вардар, Илија Абутовиќ, на крајот на оваа сезона ќе го напушти Рајн Некар Левен по четири сезони.
Тој се сели во Франција, откако се обврза на тригодишна верност со тимот на Шарт, што го води српскиот селектор Тони Херона.
Абутовиќ потекнува од Црвенка, во Србија настапуваше за Спартак Суботица и за Партизан, од каде замина за словенечкиот Слован Љубљана.
Оттаму дојде во Вардар во 2011 година и остана седум сезони, во кои освои титула во Лигата на шампионите, шест трофеи во Купот, пет шампионски титули во Македонија и четири во СЕХА лигата.
Во францускиот тим настапуваат уште четворица ракометари од балканските простори – левото крило Вања Илиќ, средниот бек Ѓорѓе Ѓекиќ, голманот Небојша Граховац и десниот бек Матиц Грошељ.