Француската легенда Никола Карабатиќ утре ќе го одигра своето 18. полуфинале во 24 настап на големите натпреварувања во неговата кариера.
„Стариот лисец“ не се предава и на 38 години продолжува да игра на високо ниво. Се фрла на под за секоја топка и тоа значи дека на големите шампиони никогаш не им е доста од трофеи.
„Кога губевме, си реков себе си дека не можеме така да го завршиме турнирот. Кога топката беше на подот, јас се фрлав на подот по неа. Ќе ме боли знам, ама барем ќе ме потсетува на нешто убаво“, вели Карабатиќ.
Франција губеше со пет разлика од Данска и беше на прагот да остане без место во полуфиналето, но со фантастичен финиш направи голем пресврт и славеше против светскиот првак.
Во полуфиналето, Франција ќе се соочи со Шведска, утре од 20:30 часот.