Исландската федерација има финансиски проблеми – бара помош од навивачите

Исланд одигра фантастично во досегашниот дел од Европското првенство, иако со многу проблеми Исланѓаните покажаа дека имаат голем број одлични играчи. Но освен со коронавирусот Исланд има и финансиски проблеми.

Финансиските трошоци за репрезентациајта на Исланд ги надминаа очекувањата особено во последните денови од првенството. Затоа федерацијата побара помош од граѓаните на земјата.

„Трошоците за Европското првенство достигнаа десет милиони исландски круни (околу 70.000 евра) и ги надмина сите проценки кои беа предвидени пред првенството. За да помогнете на репрезентациајта може да одите на онлајн продавницата на Исландската рекометна федерација и да го одберете износот кој сакте да го донирате. Опции за донирање се 2.500, 5.000 и 10.000 исландски круни кои одат за националниот тим“, изјавија од исландскат федерација за медиумите.


ФОТО: sport.tv2.dk

И покрај сите проблеми кои ги има Исланд ќе игра во борба за петото место на првенството против Норвешка. Во составот се вратија Палмарсон, Елисон и Јонсон и ќе бидат на располагање на селекторот за последниот натпревар.