Екипата на Аеродром во пролетниот дел од сезоната во Првата машка лига ќе влезе со засилен состав во желбата да се избори што подобро место на табелата и да се биде во конкуренција за пласман во плеј-офот.
Веќе се ангажирани три нови ракометари, а се водат преговори со уште неколку за да може да се парира на противниците.
Во екипата на Аеродром од редовите на Јуниор Кисела вода доаѓа Осман Намик. Тој има искуство со настапи и во Супер лигата, па ќе биде од големо значење за тимот за пролетниот дел.
Од младинската екипа на Еурофарм Пелистер во Аеродром доаѓа Филип Талевски.
Уште еден играч кој го засилува тимот на Аеродром е Енес Идризи кој во клубот доаѓа од составот на Работнички.
Аеродром игра во Групата Б од Првата машка лига во која се наоѓа на 5. место со 22 бода и е на добар пат да обезбеди место за пласман во плеј-оф лигата.