Десподовска во одлична форма, му даде десет гола на Јарослав

Интернационалката од Македонија, Зорица Десподовска одигра одлична партија во шампионатот на Полска и заедно со нејзината екипа, Кобержице, славеа против незгодниот состав на Јарослав со резултат 28:24.

Победата беше остварена благодарение на Десподовска, која со десет постигнати погодоци беше незадржлива на теренот.

Македонката подели и неколку асистенции кон нејзините колешки.

По 13. одиграни кола во полскиот шампионат, екипата на Кобержице се наоѓа на 3. позиција на табелата со 24 освоени бодови.

Кобержице во следното коло гостува кај актуелниот лидер на табелата, Заглебје. Натпреварот е закажан за в среда.