Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од третото коло на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Последниот натпревар на машката репрезентација на Македонија од групната фаза против Данска ќе го судат словачки арбитри.
Станува збор за Борис Мандак и Марио Рудински, додека делегат ќе биде Кармен Мачадо од Шпанија.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра вечерва во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот.
Веднаш по натпреварот нашата репрезентација се враќа во Скопје со чартер лет.