Европскиот шампион Шпанија со победа ја стартуваше одбраната на титулата освоена на претходното ЕП во Австрија, Норвешка и Шведска.
Избраниците на Жорди Рибера иако без браќата Душебаеви, пензионираниот Ентрериос, Агинагалде и уште неколку од важни ракометари, ја совладаа селекцијата на Чешка со 28-26.
По 4-4 на почетокот, Шпанија поведе со 6-4, па со 9-4 и до крајот на првиот дел лесно ја одржуваше разликата. На пауза се замина со водство на „фуријата“ со 14-11.
Во вториот дел Чесите успеаја да намалат на минус еден, 21-20, на минуата до крајот беше 26-24, но Шпанија постигна гол и ги реши сите дилеми околу победникот.