Тренерот на Полска, Патрик Ромбел и неговите избраници имаат мисија на ЕП 2022 прво да ги заборават резултатите од претходните изданија, а исто така да го промовираат следното Светско првенство во 2023 на кое се ко-домаќини со Шведска. Полска обезбеди пласман на ЕП како една од четирите најдобро треропласирани репрезентации откако завршија трети зад Словенија и Холандија.
Победата против Словенија од 27:26 беше клучна за пласман на ЕП каде што Полска ќе игра со Белорусија, Германија и Австрија во Братислава во рамки на групата Д. Полјаците ги пропуштија претходните големи натпреварувања, а иако не обезбедија пласман на СП 2021 учествуваа со вајлд-карта. На Мундијалот го покажаа својот напредок и потвдрија дека се повторно конкурентни.
Селекторот Ромбел интегрираше многу млади играчи во репрезентацијата од Келце и Висла Плоцк. Сепак, и понатаму во тимот остануваат искусните Камил Шипжак и Пжемислав Крајевски, а иднината на Полска има одлични изгледи. Играчи кои се во надоаѓање во репрезентацијата на Полска се Симон Сичко, Михал Олејничак и Аркадиуш Морито.
ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – МИХАЛ ОЛЕЈНИЧАК
Тој има само 20 години и во следните години се очекува да биде предводник на својата репрезентација. Михал Олејничак и Симон Сичко се најголемите таленти на Полска. Олејничак од Гдањск премина во Келце, а уште на 18 години на првенството во 2020 година го имаше своето деби на Европско првенство за Полска. Во првото учество тој постигна 11 гола на ЕП, а потврда за неговиот квалитет е што Келце сака да го продолжи договорот со Олејничак до 2027 година.
ИНТЕРЕСНО
Последниот голем успех на репрезентацијата на Полска е полуфиналето на Олимписките игри во Рио во 2016 година, но, сепак, се вратија без медал. Во полуфиналето загуби од Данска, а во борбата за бронзен медал од Германија. Само три играчи од тој тим сè уште го носат националниот дрес, Пжемислав Крајевски, Михал Дашек и Камил Шипжак.
УЧЕСТВА НА ЕП
Европското првенство во 2022 година ќе биде десетто учество за Полјаците, а најдобар резултат имаат остварено на шампионатот во 2010 година кога го освоија четвртото место.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА Д
14 ЈАНУАРИ – 20:30ч
ПОЛСКА – АВСТРИЈА
16 ЈАНУАРИ – 20:30ч
ПОЛСКА – БЕЛОРУСИЈА
18 ЈАНУАРИ – 18:00ч
ПОЛСКА – ГЕРМАНИЈА