Македонија ја чека ново големо натпреварување, 11 во низа, Европското првенство во Дебрецин, каде премиерно ќе не предводи Кирил Лазаров како селектор.
Интернационалецот Филип Кузмановски вели дека екипата ќе биде подготвена и дека добро знае што сака во Дебрецин.
„Верувам дека ќе го поправиме впечатокот од СП во Египет, полошо не може да биде! Имаме многу специфичка група, балканска може да ја наречам доколку ја изземеме Данска. Сите противници ни се познати, сме играле со нив и во квалификации и на големи натпреварување. Имаме доволно време да се подготвиме. Очекувањата се големи, но ние имаме јасна цел. Прво мислиме на Словенија. Одиме мотивирани, желни да се надигруваме и не сакам однапред да зборувам за резултатот. Максимално ќе се подготвуваме за секој натпревар и ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, потенцира Кузмановски.
Подолу погледнете го целосното интервју со репрезентативецот…
ИНТЕРВЈУ ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ: Јас сум борец, сонувам да освојам медал со Македонија!