Репрезентацијата на Франција освои толку многу изминатите години, а со освојување на олимпискиот турнир во Токио како последно големо натпреварување тешко е да се поверува дека последното злато од ЕП за Французите е од 2014 година. После дебаклот кој го доживеаја на ЕП 2020 кога беа елиминирани во прелиминарната фаза, Французите сигурно ќе сакаат да го поправат впечатокот и се едни од главните фаворити за златен медал.
Французите во квалификациите играа променливо, против Србија во двата натпревара не успеаја да победат, првиот го загубија со 27:24, а на вториот одиграа нерешено 26:26. Ваквата игра дојде после раната елиминација на ЕП 2020 каде што во групната фаза изгубија од Норвешка и Португалија. Французите биле Европски прваци во трипати, во 2006, 2010 и 2014 година. Франција ќе игра во ПИК Арената во рамки на групата Ц против Хрватска, Србија и Украина.
Откако Гијом Жил го замени Дидие Динар на селекторската позиција, Французите повтоно се вратија на победничките патеки. Стигнаа до полуфиналето на Светското првенство во Египет 2021, а потоа станаа и олимписки шампиони. Жил се обидува да ја најде оптималната комбинација на искусни и млади талентирани ракометари.
ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – ВЕНСАН ЖЕРАР
35 годишниот голман Венсан Жерар би можел да биде еден од клучните ракометари во тимот на Франција. Жерар долго беше во сенка на Тјери Омејер, но откако тој се пензионираше, голманот на ПСЖ имаше свој блесок во репрезентациајта. И сезонава Жерар брани одлично, а тоа го потврди и во Лигата на шампионите. Сепак неговото учество на ЕП се уште не е сигурно.
ИНТЕРЕСНО
Доколку Франција го крене пехарот на 30 јануари, Никола Карабатиќ (aко игра) ќе биде првиот кој не е Швеѓанец, а освоил четири златни медали на Евопрските првенства. За репрезентацијата на Шведска ова достигнување го имаат остварено Магнус Андерсон, Ола Линдгрен, Стефан Ловгрен, Штафан Олсон и Магнус Висландер кои се закитија со злато во 1994, 1998, 2000 и 2002 година. Останатите Французи со три злата се Лук Абало и Мишел Гигу, но тие веќе не настапуваат за репрезентацијата.
УЧЕСТВА НА ЕП
Французите го освојуваа златниот медал на Европските првенства на секои четири години, 2006, 2010 и 2014. Во 2018 година ја прекинаа низата и беа третопласирани. Сигурно Французите посакуваат да се вратат на ритамот и после четири години, односно во 2022 година повторно да се закитат со злато. Покрај трите златни медали, Франција има и две бронзи во 2008 и 2018 година, додека еднаш завршија на четвртото место во 2000 година во своите 15 учества на ЕП.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА Ц
13 ЈАНУАРИ – 20:30ч
ХРВАТСКА – ФРАНЦИЈА
15 ЈАНУАРИ – 18:00ч
ФРАНЦИЈА – УКРАИНА
17 ЈАНУАРИ – 20:30ч
ФРАНЦИЈА – СРБИЈА