Во натпревар од „Купот на кралот“ паднаа 89 гола – по еден на секои 40 секунди!

Несекојдневна ситуација имаше на еден од натпреварите во првото коло, односно 1/16 финалето од Купот на кралот.

На натпреварот меѓу вториот тим на Барселона и составот на Гранољерс беа постигнати вкупно 89 погодоци.

Овој двобој заврши со резултат, 43-46, па екипата на Гранољерс патува во осминафиналето од ова натпреварување.

Двете екипи не обрнуваа премногу внимание на одбраната и просечно на секои 40 секунди постигнуваа по еден погодок.