Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа од 31:22 на гостувањето во Струга и на тој начин се загреаја за дербито против Вардар кое треба да се одигра во текот на следната седмица во Битола.
Тимот од Битола немаше поголеми проблеми за триумф, а во текот на првите неколку минути беше израмнето. Во еден момент при 7:6 Струга успеа да го преземе водството, тоа траеше кратко бидејќи со пет гола по ред гостите го направија првиот чекор кон обезбедување предност за победа.
Откако стигнаа до плус четири, 11:7, ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа контрола на разликата и до крајот на првиот дел постојано беа во водство од три или четири гола. Со таква предност и заминаа на одмор кога имаа 17:13 така што веќе беше јасно каков ќе биде епилогот.
Во вториот дел од натпреварот гостите почнаа да зголемуваат. Постојано одеа на поголема предност и во секој момент од средбата знаеја што сакаат и не дозволуваа ништо непредвидено. Постојано беа во убаво водство кое беше 6-7 гола разлика, а како што се доближуваше крајот од натпреварот предноста почна да расте.
На крајот беше 31:22 за Еурофарм Пелистер така што ова беше резултат кој им донесе очекувани три бода на гостите, а воедно беше и одлична можност за загревање за дербито против Вардар.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА