Со триумфот над Спортинг Лисабон, ракометарите на Еурофарм Пелистер ја продолжија низата без пораз на европска сцена и поставија клупски рекорд.
Минатата сезона Еурофарм Пелистер на зимска пауза замина со само три бода од пет европски натпревари и мораше да се вади на пролетните натпревари за да ја осигура нокаут фазата.
Сезонава позитивната серија почна со бодот во Швајцарија по импресивниот камбек кај Кадетен. Потоа беа совладани АЕК и Татабања, пред во двомечот со Спортинг да бидат освоени три бода.
Серијата на позитивни резултати на Еурофарм Пелистер:
Кадетен Шафхаузен – Еурофарм Пелистер 28-28
АЕК Атина – Еурофарм Пелистер 27-30
Еурофарм Пелистер – Татабања 33-20
Спортинг Лисабон – Еурофарм Пелистер 27-27
Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон 31-25
Напролет следуваат уште четири натпревари, против АЕК Атина и Кадетен Шафхаузен во Битола и гостувања во Ним и Татабања.