Ракометарките на Куманово продолжуваат максимално во Женската лига откако и на гостувањето кај Деспина во 11. коло остварија победа од 22:17.
Првото полувреме беше максимално израмнето, двете екипи тешко постигнуваа голови. Екипите неколупати се менуваа во водството, но тоа беше минимално на двете страни. На полувреме Куманово имаше минимални 8:7.
Во продолжението кумановки го скршија отпорот на Деспина, а уште на стартот направија пет гола позитива која ја сочуваа до крај. Домашните ракометарки немаа сили за изненадување и беа поразени со пет гола разлика.
Предводничка во победата на Куманово беше Јована Кипријановска со седум гола, а шест гола постигна Наташа Нолевска. Во составот на Деспина се истакна Елена Рипилоска со седум гола.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А
ТАБЕЛА