Тимот на Будакалаш, каде што настапува македонскиот голман Даниел Ѓорѓески, забележа убедлива победа во унгарскиот шампионат.
Будакалаш славеше против незгодниот Ѓенѓеш со десет гола разлика, 37-27, а дел од заслугите одат на адреса на Ѓорѓески.
Тој играше во второто полувреме, на теренот мина помалку од 24 минути и успеа да собере осум одбрани од 19 шута на ривалите, што е повеќе од 40% одбранети удари.
Будакалаш сега има 12 бода, што е само три помалку од третопласираниот Балатонфуреди, кој има 15, па останува со шанси да се избори за место во Европа.