И кавадарчани и охриѓани најавуваат – Одиме на победа

Вечерва во салата „Јасмин“ ќе биде одигран еден од најинтересните натпревари во 12 коло од Суперлигата.

Тиквеш го пречекува Охрид во директна битка за место во плеј-офот. Ако победат кавадарчани, тогаш охриѓани ќе ги чека тешка задача во продолжение од сезоната да се изборат за место меѓу најдобрите шест, па за нив овој дуел е многу поважен.

Голманот на Тиквеш, Александар Стојаноски, верува дека трите бода остануваат во Кавадарци.

„Секој натпревар за нас е важен и на секој натпревар влегуваме максимално концентрирани. Денеска играме со екипата на Охрид и овој натпревар е од големо значење за двете екипи. Ние сме максимално подготвени и трите бода остануваат во Кавадарци“, вели Стојаноски.

Десното крило на Охрид, Мице Шилегов, игра во одлична форма сезона и тој вели дека неговиот тим исто така оди на победа во Кавадарци.

„За нас како екипа натпреварот против Тиквеш е многу значаен. Посветивме цела недела на интезивни тренинзи и видео анализа. Нијанси ќе одлучуваат на натпреварот. Тиквеш е добра екипа, но ние ќе го дадаме максимумот и одиме на победа. Ќе се бориме за нови три бода и за зацврстување на местото во плеј-оф фазата“, изјави Шилегов.

Капитенот на Тиквеш, Орданчо Лазов, ја повикува публиката на трибините да им помогне во тешката битка со Охрид.

„Сите ние имаме иста цел денеска на нај добар можен начин треба да ја покажеме нашата зрелост. Играме со главниот конкурент за плеј-оф, играме со Охрид. Сите заедно сплотени како до сега и со поддршка од публиката да стигнеме до целта“, изјави Лазов.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Охрид ќе се игра вечерва во салата „Јасмин“ со почеток во 19:00 часот, а ќе го суди најдобрата двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515